Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно побара лидерот на ДУИ Али Ахмети кој постојано зборува за конфликтот од 2001 како за голема победа на Албанците да одговори на незгодно прашање.
Мицкоски побара Ахмети да каже колку стотици милиони евра добиле тој, негови роднини и соработниици на сметка на жртвите од 2001.
Во неколку наврати последниве неколку недели Ахмети соочен со расколот во ДУИ го користи конфликтот од 2001 година во политичките говори а пред неколку дена ги советуваше Украинците да бидат упорни како Албанците кои во 2001 година така ги победиле Македонците.
Изјавата на Мицкоски кој во 2001 година се пријавил како доброволец во АРМ на овој линк





