По објавувањето на вознемирувачко видео на кое се гледа како петмина полицајци до смрт го претепуваат 29 годишниот Афроамериканец Тајр Николс во Мемфис, предизвикува револт во САД, поради полициската бруталност.



Петмина полицајци до смрт претепале 29 годишен Афроамериканец

Само половина час по објавувањето на снимките, во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден ги означи „со право револтирачки“ и призна дека кај него предизвикуваат болка, но истовремено упати апел: „Оние кои сакаат правда, не смеат да посегнат кон насилство и уништување“, пренесе Дојче веле.

Бајден претходно телефонски лично им го изрази своето сочувство на мајката и на очувот на убиениот. Мајката на Николс пред телевизиските камери на Си-Ен-Ен облеана во солзи изјави дека синот ѝ бил скршен од тепање и запраша: „Каде била човечноста?“, но повика протестите да останат мирни.

Откако беше објавено видеото педесетина лица се собраа во Паркот на мачениците во центарот на Мемфис, скандидајќи меѓу другото „Без правда нема мир“ и блокираа една од најважните сообраќајници. Отсуството на судири еден од учесниците го образложи со повикот на семејството мирно да се демонстрира.

Собири во знак на солидарност и со барање за правда за Николс се одржаа и во Вашингтон и Њујорк.