Палестински напаѓач денеска отвори оган во источен Ерусалим при што рани најмалку две лица, јавува Асошиетед прес.
Нападот се случи помалку од еден ден по вчерашниот (најсмртоносент напад од 2008 година), кога седум лица беа убиени во синагога.
Денешниот инцидент се случил во палестинската населба во близина на Стариот град.
Повредени се двајца мажи на возраст од 23 и 47 години. Тие се пренесени во болница во свесна, но тешка состојба.
„Франс прес“ објави дека напаѓачот имал 13 години. Полицијата соопшти дека тој бил „неутрализиран и повреден“.
Полицијата, по вчерашниот напад приведе 42 осомничени.







