Унгарскиот амбасадор во Киев е повикан во украинското Министерство за надворешни работи по зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „Украина, како и Авганистан, сега е ничија земја“.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, оцени дека ова е „уште една омаловажувачка изјава на Виктор Орбан против Украина“.
Унгарскиот амбасадор ќе биде повикан „на искрен разговор“, по што може да следат и други мерки, додаде Николенко.






