Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“ оценува дека инцидентот во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, е дел од хибридната војна против Македонија.



„Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна.

Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран.

На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај, иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно“, рече Спасовски.