Едно лице загина, а две се ранети во вооружен напад на Амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.



Според информациите, началникот на обезбедувањето е убиен, а неговите двајца колеги се ранети, пренесува б92

„Напаѓачот го пробил стражарското место и го убил шефот на обезбедувањето со пушка калашников“, соопшти Министерството, а додава Ројтерс.

Осомничениот е уапсен, а истрагата за мотивот за нападот е во тек, соопшти полицијата во Техеран.