Радев: Срамна е бугарската политика кон Македонија, зошто им даваме моќ на идиоти

Меѓу ретките бугарски јавни личности кои храбро се противат на официјалната бугарска политика за македонското прашање е и членот на бугарската Асоцијација на европски новинари Иван Радев кој смета дека е срамна политиката на официјална Софија кон Скопје.



,,Бугарија ги прекина сите меѓудржавни проекти со Македонија. Само што требаше да изградиме автопат и брз воз до Ѓуешево и моравме да ги запреме…”, забележува иронично Радев кој се шегува со фактот што цели 30 години не се направени патишта и пруга меѓу двете земји.

,,Политиката на Бугарија кон Македонија е срамота. Има идиоти од двете страни. Но, ние сме понормални. Зошто им даваме моќ?”, прашува Радев.