Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот“, вели повлечениот бугарски амбасадор Ангел Ангелов во гостување на БНТ.
Во моментов Кристијан е стабилен по операцијата, рече и Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.
Тој го кфалификува нападот врз Христијан Пендиков како ѕверство околу кое се плетеле разни шпекулации – Кристијан бил наркодилер, дека е тепачка меѓу различни дилери и слично, а во исто време тој си заминал од РСМ со својот странски пасош, бидејќи има нема обвинение против него, за одземање на пасошот.
Тој на крајот на декември поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за криминално досие издадено од судот во Охрид, дека не му е судено.
„Моето враќање во РСМ ќе биде оценето од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена“, изјави Ангелов.






