Павловска-Данева: Не се криви оние што нѐ посипуваат со фекалии, туку оние што бранат сервилност и понизност

Професорката Ана Павловска Данева, преку својот фејсбук профил, излезе со жестока реакција на моменталниот развој на настаните со соседна Бугарија, но и кон политичките аналитичари кои бранат сервилност и понизност. 



„Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат!

Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата.

Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!“, пишува Данева на својот фејсбук профил.