Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција го обвини поранешниот в.д. директор на Младинискиот културен центар (МКЦ), Ванчо Богоев дека за време на 12-месечното директорување со институцијата дозволил незаконски да се склучат над 250 договори за ангажирање на лица без притоа да бидат потпишани договори за време на вработување или да се ангажираат преку Агенција за времени вработувања.
За овие незаконски склучени договори, додаде Арсовска, Богоев треба јавно да излезе и да каже зошто и врз основа на кои критериуми се склучувале.
„Исплаќани се илјадници евра за ангажман на овие лица кои се ангажирани без почитување на ниту една постапка или закон за нивно ангажирање. Меѓу овие лица најголемиот дел се познати на јавноста како истакнати членови или функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу овие има и поконретно над 90 договори за времено ангажирање на шанкери на кои им биле исплаќани од 350 до 750 евра по месец“,
изјави Арсовска на денешната прес-конференција, додавајќи дека самиот Богоев бил назначен на чело на МКЦ на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалничката обивни дека од главната благајна на МКЦ биле подигнати нешто над 100 илјади евра кои биле извлекувани од сметката на институцијата без притоа да се има соодветна основа за повлекување на овие средства.
„Над 6,2 милиони денари се подигнати од МКЦ во готово. Каде се овие пари? Има ли некој којшто треба да даде прецизен договор особено имајќи предвид дека нема соодветна документација којашто би требала да ги следи овие подигнувања?“
додаде Арсовска.

Ваквите обвинувања Арсовска ги изнесе врз основа на редовната годишна ревизија која секоја година се прави во јавните претпријатија и институции на Градот Скопје.
Таа додаде дека ревизијата во МКЦ е се уште во тек, а од досегашните ревизорски извештаи во оваа институција се утврдени неправилности кои кажа оти биле клучни при носењето на одлуката за функцијата на Богоев како в.д. директор. Во оваа насока, таа кажа дека се шпекулации оти Богоев е разрешен од функцијата, туку дека неговиот мандат истекол кон средината на месецов.
Градоначалничката на прес-конференцијата ги негира сите обвинувања за партизација на институцијата на чие чело сега е поставен новиот в.д. директор Никола Алексов, за кој Програмскиот колегиум на МКЦ претходно објави дека по вокација е диполомиран детектив и дека е несоодветен за позицијата во оваа културна институција.
„Јас политчка партија немам, тоа мислам дека на сите им е јасно, и затоа не знам како би можело да се партизира сега во овој момент со поставување на нов в.д. директор. Напротив, сметам дека доколку имало некои недоследности треба да бидат остранети и да се обидеме оваа институција да функционира подобро од тоа што функционирала до сега“,
рече Арсовска.
Скопската градоначалничка негира оти досегашниот директор на МКЦ бил под притосок за да го вработи Арбен Бени Шаќири, а во врска со ваквите обвинувања додаде дека ќе очекува извинување од Богоев во рок од 48 часа. Доколку не се извини, Арсовска му порача оти изнесените ставови треба да ги докажува на суд.
Во контекст на обвинувањата дека сегашниот в.д. на МКЦ го нема потребното знаење и искуство за да води институција од оваа област, градоначалничката рече дека ниту поголемиот дел од вработените со раководни позиции во Младинскиот културен центар го немаат соодветното образование за позициите на кои се поставени.
Дополнително, рече дека од вкупно 40 вработени, 12 од нив се поставени како раководители на сектори кои, како што истакна, воопшто не раководат со никого.
„Но, затоа истите земаат директорски осносно раководителски плати. Притоа МКЦ поради недостатокот на работници очигледно ангажира и некои дополнителни лица кои работат во областа на културната програма за таа да функцинора во овој Центар. Надвор од овие ангажирани културни рабоници има над 250 поединечни договори за ангажман за испумпување на средства од МКЦ кои немаат поврзаност на ниту еден начин со културата“,
повтори уште еднаш Арсовска.
Говорејќи за годишниот буџет на Младинскиот културен центар, за кој од Програмскиот колегиум на институцијата обвинија оти е скратен за 92 отсто во однос на минатата година, Арсовска, пак, обвини оти тоа е лага.
„Минатата година од основниот буџет на Градот Скопје на МКЦ му биле одобрени 10,7 милиони денари, а оваа година од основниот буџет на Град Скопје се одвоени 8,7 милиони денари. Што се однесува до сумата која се одвојува од буџетот за дотации на Градот Скопје, во минатата година биле одобрени односно одвоени за овој буџет 34 милиони денари додека оваа година повторно се одвоени 34 милиони денари. Намалувањето, колку што можете да видите, во вкупен износ е незначително и во ниту еден случај не е затоа што Градот Скопје нема интерес оваа институција да функцинора. Напртоив, МКЦ мора да работи и може да работи самоодржливо со капацитетите со коишто располага“,
додаде градоначалката Арсовска.
Во оваа насока, таа напомена оти МКЦ е една од институциите којашто има најголем потенцијал да работи самоодржливо и без субвенции од Градот затоа што, како што рече, остварува сопствени приходи од над 33 милиони денари.





