Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е заинтересиран за средба со Владимир Путин за мировни преговори, бидејки за него рускиот претседател бил „никој”.
Неодамна, Зеленски рече дека не е сигурен и дали Путин е жив

„Разговори би биле можни само ако Русија ги повлече своите војници, ја признае својата грешка и има нова влада во Москва, изјави Зеленски за британската телевизија Скај њуз. – Само тогаш би биле можни разговори, потенцираше шефот на украинската држава.
Зеленски, и претходно, со декрет забрани преговори со рускиот претседател Владимир Путин на крајот на септември 2022 година.
„Тие не сакаат разговори, а тоа беше случај и пред инвазијата. Претседателот Путин така одлучи, вели Зеленски.
Зеленски вели дека средбата со Путин нема смисла.
„Немам интерес. Не е интересно да се среќаваме, не е интересно да зборуваме, рече тој.и додаде дека „не разбира кој ги носи одлуките во Русија” и дека додека Москва бара мир, таа лаже напаѓајќи ја Украина со проектили.
Запрашан дали е доцна за разговори, Зеленски рече: По сеопфатната инвазија, за мене Путин е никој”.
„Видов човек кој рече едно, а потоа направи друго”, рече Зеленски.
„Кој е тој сега? По целосната инвазија, за мене тој е никој”, истакна Зеленски во интервјуто за Скај Њуз, дадено на англиски јазик.






