Русин кој вчера испратил мејл со лажни дојави за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина денеска е уапсен, објавија грчките медиуми.
Според „Етнос”, станува збор за 42-годишно лице кое во заканувачкиот мејл испратен вчера тврдел дека е исламист и напишал дека „во името на Алах и пророкот Мухамед мора да умрете”.
Уапсениот, се товари и за тероризам и ширење лажни вести.
Лажните закани за бомби во вторникот наутро доведоа до евакуација на дел од меѓународниот аеродром во Атина и најмалку пет болници во Грција, соопштија властите.
Специјализирана единица за експлозиви од полицијата го пребарала аеродромот, но не нашла експлозивна направа.






