Германија испраќа 14 тенкови Германија ќе испрати тенкови Леопард 2 во Украина и ќе дозволи нивен извоз од други земји, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.
„Оваа одлука е во согласност со нашата добро позната линија за поддршка на Украина на најдобар можен начин. Дејствуваме во тесна координација на меѓународно ниво“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
ГеКанцеларот одлучил да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат тоа, објави вчера Шпигел.
Другите сојузници, на пример во Скандинавија, имаат намера да се приклучат на Германија и да доставуваат свои тенкови Леопард на Киев, пишува изданието.
Тенковите веќе почнаа да пристигнуваат од магацините на Бундесверот, објави изданието. Можно е и други германски борбени тенкови да бидат подготвени за транспорт на среден и долг рок.
Според Шпигел, на одлуката на германската влада очигледно и претходеле интензивни консултации меѓу ФРГ и другите украински сојузници. Тие траеја неколку дена. Според информациите, се воделе преговори, вклучително и со САД.
На 18 јануари, германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот претседател Џо Бајден имаа телефонски разговор. Шолц рече дека би се согласил да и предаде тенкови на Украина доколку САД почнат да го снабдуваат М1 Абрамс.






