Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со куса објава на Фејсбук реагира на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски дека е потребно некои личности да бидат прогласени за непожелни и да добијат забрана за влез во Македонија.



Иако претседателот не спомена конкретни имиња, Џамбаски се препозна во изјавата на Пендаровски.

„Македонија била и е бугарска! С. Македонија е друга работа. Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината“, објави европратеникот Џамбаски на својот профил на Фејсбук.

Претходно, вчера, Џамбаски објави:

„Нашата земја мора да престане да го запоставува болшевизмот во Скопје.

Целата политичка кампања во С. Македонија е антибугарска.

Поради тоа, разгорувањето на хистерија против нашата земја со години поттикнува омраза и омраза кон се што е бугарско’, вели Џамбаски кој неодамна среде Скопје негираше се што е македонско.