Не е работа на шефот на дипломатијата на РСМ да доаѓа во Бугарија и да прави кризен ПР. Очекувам реакција од сите институции вклучени во работата, изјави за БНТ, ТВ водителката и новинарка Милена Милотинова.
Таа за претепувањето на 21-годишниот Христијан Пендиков ги обвинува македонските власти:
„Оставија неказнети неколку злосторства извршени таму – палењето на клубот во Битола, поминавме низ нападот на клубот во Охрид, пукањето во истиот клуб. Со тоа се создава атмосфера на неказнивост за да се дојде до ова тешко тепање, ова тешко кривично дело, за кое не видовме став на министерот за внатрешни работи на РСМ“, вели Милотинова.
Бугарската држава треба да создаде (…) фонд за правна заштита на Бугарите во РСМ. Државата мора да обезбеди правна заштита на овие луѓе. Бугарските политичари – Европратениците треба да не’ запознаат како живеат Бугарите во РСМ, бидејќи овие притисоци и закани кон нив се секојдневие, не се случајност, додаде Милотинова.
Интересно е што ќе напише Вархеи во следниот извештај за РСМ, инцидентите против Бугарите во РСМ не беа наведени во неговиот претходен извештај. А бугарската држава мора да се погрижи тоа да стигне до Европа, до европските институции и тие да преземат мерки. Треба да има целосна законска измена во РСМ за тоа, вели Милотинова.







