Актерот Сашо Тасевски му реплицира на министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, според кој „во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе“.
„Да го потсетиме бугарскиот министер и Бујар кој тоа палел тепал, стрелал и силувал од 1941 до 1945.
Вие двајца најдовте да зборувате дека во Македонија денес се палело и се тепало. Вие двајца? Зафркавате, така?
А бе идиоте сдсмовски, ги слушаш што зборуваат? Уште главата ќе ја држиш во песок ко ној, ќурко една искубана.
А бе малолетници стрелавте во Ваташа и уште не се извинивте, срам ве било. Па уште Македонците биле лошите. Ние за вас сме светци. Тешко на таа ЕУ со вас“, реагира Тасевски на Фејсбук.
Масакрот кај Ваташа се случил на 16 јуни 1943 година, роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон Втори, кога бугарската воjска и полициски одреди стрелале 12 младинци од селото Ваташа, а најмладиот меѓу нив имал 15 години.
„Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“, пишува во извештајот на Генералштабот на Народноослободителната војска од септември 1943 година.
На родителите не им било дозволено да ги погребаат своите деца, па тие набрзина нафрлиле земја и ги прекриле со гранки. По војната бил организиран вистинскиот погреб. Кога семејствата сами си ги откопале коските, ги премиле во реката и во мали ковчези ги закопале во Моклиште. А, по третпат, таму каде што денеска има голем споменик, се закопани во 1963 година.
На Милков му реплицира и претседателот Стево Пендаровски.
„Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава.. Вели: ‘Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44. Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време, може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, кажа Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност што го свика тој.






