Oсмани најави посебен обвинител и канцеларија кај омбудсманот како мерки против провокациите

Посебен обвинител задолжен за говорот на омраза во Македонија, како и посебна канцеларија од ваков тип кај Народниот првобранител (омбудсманот) се две мерки кои шефот на македонската дипломатија, Бујари Османи, ги најави за запирање на провокациите меѓу двете земји. Во интервју за бугарската телевизија БТВ, Османи најави и дека во Министерството за политички систем ќе има и претставник на бугарската заедница во Македонија.



Вчера Османи заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков го посетија Кристијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ кој беше претепан во Охрид.