„За мене е важно тоа што го кажа Христијан и мајката му, а тоа е дека причината за инцидентот било изразувањето од негова страна дека е етнички Бугарин. Иако напаѓачите велат обратно дека имале некакви недоразбирања претходно, за мене е важно тоа што го кажа жртвата и нејзините родители. Истрагата сигурно ќе го покаже тоа“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за бугарската БТВ.
„Се видов и со мајката на Христијан и и посакав брзо закрепнување на синот, но исто така и жалење за инцидентот. Испратив порака дека тоа не може и не треба да се повторува. Му кажав дека едно од лицата е во притвор, а се работи на пронаоѓање на останатите. Сигурно МВР ќе треба да ги даде деталите затоа што во моментов се одвива истрага. За мене е важно што напаѓачите се идентификувани – рече Османи.
На прашањето од новинарот зошто бил нападнат Пендиков и дали е претепан поради тоа што бил Бугарин, Османи потенцираше дека има две страни во приказната, но за него е важно тоа што го вели жртвата.







