На Украина ѝ требаат неколку стотици тенкови од нејзините западни сојузници за контраофанзива против руските сили, со цел да ја врати окупираната територија, изјави во понеделник шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак.
Ни требаат тенкови – не 10-20, туку неколку стотици“, напиша Јермак на Телеграм.
„Нашата цел се границите од 1991 година и казнување на непријателите кои ќе платат за нивните злосторства.
Киев се залага за испорака на тенкови, особено Леопард 2 од германско производство што го користат многу членки на НАТО, а на кој му е потребно одобрение од Берлин за да биде реекспортиран во Украина.
Полскиот премиер во понеделникот изјави дека неговата влада ќе испрати „леопарди“ без оглед на тоа дали Берлин се согласува.
Според регистарот за оружје на ОН за 2019 година, Полска има 247 тенкови Леопард 2.






