Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 18 часот во седиштето на Бихаќка ги свика парламентарните коалициски партнери, потврдија за „Слободен печат“ дел од партиите кои се во коалиција со владејачката СДСМ.
СДСМ најави дека откако ќе добие абер за формален почеток на преговорите со Алијанса за Албанците ќе закаже средби со коалициските партнери.
Понуда: Алијанса ќе добие 2-3 министерски места ако влезе во влада
Алијанса за Албанците викендов одлучи да почне преговори за евентуален влез во Владата.
Таравари негира дека добиле конкретна понуда за влез во влада
Тим на Алијанса на Албанците наредниот период, ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата, или ако се продолжи повеќе, евентуално да се прекинат и да се донесе конечна одлука.
Претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија, дел од членовите биле за, некои против, централното претседателство, раководството на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.






