Германските вооружени сили денеска, понеделник, ќе започнат со пренесување на системот „патриот“ во Полска, јавуваат германските медиуми.



Првите два од трите ракетни системи претходно ветени на полската влада ќе бидат испратени во Замошц, кој се наоѓа во југоисточна Полска, на околу 60 километри од границата со Украина и на околу 110 километри од западниот украински град Лавов.

Според соопштението на Бундесверот, целта на распоредувањето е да помогне во заштитата на полскиот воздушен простор и зајакнување на источното крило на НАТО.

Претходно, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок најави дека доколку Полска побара дозвола за испорака на германските тенкови „Леопард 2“ во Украина, таа ќе ја добие.

Бербок: Нема да се спротивставиме Полска да ѝ даде „леопарди“ на Украина

Во согласност со германските закони, земјите кои имаат оружје од германско производство немаат право да го реекспортираат во воената зона без согласност на германската влада.