Новинарот Бранко Героски удри по министерот за надворешни работи Бујар Османи за молчењето додека неговиот бугарски колега Николај Милков вели дека во Македонија се враќале некакви традиции на стрелања и насилства?!
„Милков во Софија зборува дека во Македонија се враќаат ‘традициите на стрелања и насилства’, а Бујар Османи дреме ко мисир до него.
Да сум јас премиер, веднаш би му се јавил на Бујар и би му наредил во истиот момент да го напушти настанот и итно да се врати во Скопје.
А ако не би можел да го сторам тоа, тогаш тоа би значело дека не сум премиер туку мапет.
Ваква брука се трпи ли?!“, прашува Героски на Фејсбук.






