Профил на социјалната мрежа Фејсбук со име Тодор Александров попладнево јавно повика на претепување и ликвидација на македонски идиоти кои што ќе тепаат Бугари.

Профилот кој е од Струмица повикува на одмазда за секој истепан Бугарин во Македонија.

,,Бугарија да направи група за ОДМАЗДА.
Секој македонски идиот што ќе тепа бугарин ќе биде претепан или ликвидиран”, пишува профилот регистриран во Македонија.
На двајца македонски државјани и двајца бугарски им се допаднала идејата да се ликвидираат Македонци.

Повикување на убиство и ликвидација на Македонци е кривично дело поради што МВР на Оливер Спасовски може веднаш да го пронајде сопственикот на профилот и да му поднесе соодветна кривична пријава.
Повик за формирање на во институционални организации за спроведување на правда е посебно кривично дело со кое се соочува човекот кој се крие зад името на Тодор Александров а кој нема храброст да каже кој е.
Статусот кој предизвикува меѓунационална омраза стои повеќе од 4 часа без да биде симнат или санкциониран од МВР.






