Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дополнителна помош за Украина на срдба со Емануел Макрон за време на настанот посветен на француско-германското пријателство.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, рече Шолц, но не спомна ниту збор за тенковите „Леопард“, за кои Германија се соочи со сериозни критики од голем број европски партнери во последните неколку дена. Der Stadard.
Двете земји денеска ја слават 60-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор меѓу Германија и Франција, со кој се зацврсти пријателството меѓу некогаш непријателските земји 18 години по завршувањето на Втората светска војна. Олаф Шолц е во Париз и ќе има средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
И денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки остро го критикуваше континуираното двоумење на германскиот канцелар Олаф Шолц за испораката на тенкови за помош на Киев. Позицијата на Германија по ова прашање е „неприфатлива“, рече Моравјецки во интервју за полската новинска агенција ПАП објавено во неделата.






