Адеми: Наместо да ја урнат ДУИ, Таравари и АА завршија кај неа и кај Ахмети и го излажаа запустениот народ

„По 2002 година се создадоа многу политички партии, сите со една цел: да ја урнат ДУИ, бидејќи не ги водеше процесите како што треба. Но сите, без исклучок, на крајот завршија кај лидерот на ДУИ Али Ахмети и го излажаа запустениот, кутар народ.“ – реагира на својот фејсбук-профил Висар Адеми, политички аналитичар и доктор на науки по меѓународен бизнис и дипломатија од Македонија, во врска со настојувањата на Алијансата за Албанците да влезе во Владата на Македонија, во која токму Ахмети и ДУИ го имаат решавачкиот збор.

Висар Адеми на индиректен начин става до знаење дека и Алијансата за Албанците е една од тие партии, кои „завршиле кај Ахмети“, со тоа што кон својата објава ја приложува фотографијата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, цитирајќи ја и неговата изјава дека „треба да се поведе расправа во врска со идејата на Али Ахмети за ‘Заеднички фронт за Европа“.

Адеми дополнува: Наспроти ваквите опозициски партии, вистинската опозиција се наоѓа низ улиците во Европа.