Најмалку девет лица загинаа, а има и ранети во пукање во паркот Монтереј, кој се наоѓа на околу 13 километри источно од Лос Анџелес, на прославата на лунарната кинеска Нова година каде се собраа илјадници луѓе.



Полицијата соопшти дека се убиени девет лица, јави АП.

Сеунг Вон Чои, сопственик на ресторан со морска храна, рече дека три лица упаднале во неговиот ресторан и му рекле да ја заклучи вратата, објави ЛА Тајмс.

Според него еден од тројцата имал пушкомитралез и многу муниција.

Пукањето се случило нешто по 22 часот.

Повредените лица се префрлени во неколку болници во областа.

Не се знае дали има осомничен и дали е притворен.