Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари негира дека партијата добила предлог да ги земе министерските места за правда и здравство, а членството заедно со новото раководство на паријата, кое се бира денеска, ќе одлучува дали партијата ќе влезе во Влада или ќе продолжи како опозиција.



Понуда: Алијанса ќе добие 2-3 места о влада


Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали има конкретен предлог од премиерот Димитар Ковачевски, за влез во Владата, Таравари е дециден дека – нема.

Според него, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.

Веќе неколку месеци има најави за можен влез на Алијанса за Албанците во Владата. Првично од страна и на државниот врв и од партијата негираа дека има вакви разговори, за подоцна сепак да се стави отворено ова прашање.

Таравари уште во октомври изјави дека не ја исклучува можноста дека Алијанса за Албанците е подготвена да разговара за влаз во Влада, но рече дека одлуката за тоа би ја донеле партиските тела на АА.

Партијата има осум пратеници во Собранието.