Само дваесетина дена откако Македонија стана (ОБСЕ), македонската страница на ОБСЕ на Фејсбук е мета на хакерски напад, само неколку дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук дека евентуалните пораки кои би пристигнале од неа, не се авторизирани од организацијата.
На страницата со близу 10.000 фанови се поставени нови фотографии и ново име, а таа сега е претворена во реклама за виетнамски хотлајн.
Реакција веднаш пристигна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која забележува дека Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски се фалеле со претседавањето со ОБСЕ и потрошиле 5 милиони евра, а добиле виетнамски хотлајн.
„Брука! Османи и Ковачевски се фалеа со претседавањето со ОБСЕ, потрошија 5 милиони евра, а добивме виетнамски хотлајн. На само неколку дена по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, Фејсбук страницата на ОБСЕ во Македонија е хакирана и сега наместо за промоција на земјата и ОБСЕ служи како виетнамски хотлајн.
Срамота е кога претседаваме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа да имаме нарушена безбедност“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.






