ВМРО-Народна партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го осудува, како што велат, тешкото насилство врз секретатот на Здружението кое ги штити правата на Бугарите во С. Македонија.
Паријата „не може да се изначуди на реториката со кои овој настан беше објаснуван во дел на македонските медиуми и портали, но и од поголем број на луѓе кои сакаат да бидат општествено активни. Крајно загрижувачки е тонот со кој се бараат други причини за да се оправда еден брутален насилнички настан, а навистина е трагична тезата дека тепањето било од приватна причина што значи дека според истите тие медиуми впрочем е добро што бил истепан и немале потреба од никаква загриженост“ стои во партиското соопштение.
Од оваа партија трдат дека „ако на тоа се додаде и фактот дека сепак нашиот охриѓанец се декларирал и како македонски Бугарин навистина треба гласно да се запрашаме колку многу индоктринирано е македонското општество на антибугарска основа“.







