Според некои американски проценки, бројот на руските жртви може да достигне 188.000 од почетокот на инвазијата.
Бројката, наводно, била откриена за весникот „Сан“’ на самитот вчера во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Новинарите ги припишуваат овие бројки на американски „одбранбени извори“, пренесува „Индекс.хр“
Спооред американскиот генерал Марк Мајли Русија претрпела „огромно количество жртви… многу повеќе од 100.000“.
Се верува дека бројките ги вклучуваат и руските сили и платеничката група Вагнер, која работи за Русија.
Украина, од друга страна, ја претстави бројката од 120.126 убиени Руси и уште 860 убиени во петокот.
Овие бројки не се независно потврдени и се разликуваат од руските официјални бројки, кои се значително пониски.







