Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска ќе ги избира раководните органи на партијата откако пред околу еден месец на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател, функција која околу три месеци ја извршуваше како в.д. откако претходниот лидер Зијадин Села си поднесе оставка.
Централното собрание се очекува да почне околу 12 часот, а ќе се одржи во Куманово.
Покрај избор на ново раководство, очекувањата се партијата денеска да расправа и за евентуален влез во Владата.
Понуда: Алијанса ќе добие 2-3 министерски места ….
Ова прашање деновиве е во фокусот на јавноста, а во дел од медиумите се појавија и информации за распределбата на ресори односно министерства со кои би можеле да раководат кадри на Алијанса за Албанците.
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари се очекува во почетокот на февруари да си подадат рака за владино партнерство, брифираат високи функционери и од СДСМ и од Алијанса за „Слободен печат“.
Се очекува најдоцна до вторник СДСМ да има средба со коалициските партнери „на тема“ проширување на владиното мнозинство.







