Арпад Шетербик одново се најде во изборот на ЕХФ со најдобрите потези во средбите од Лигата на шампионите од минатата недела. Една од 17 одбрани на чуварот на Вардар е четврта во конкуренцијата на интервенциите на голманите, а ние како земја сме застапени и преку Дејан Манасков кој беше креатор на петтиот најубав гол во претходното десетто коло. Во меѓувреме прогласени се и најдобрите во СЕХА лигата, а таму сме застапени со тренерот Раул Гонзалез и со Мијајло Марсениќ кој е дел од идеалната постава.