Хакиран е профилот на ОБСЕ во Македонија – стана виетнамски хотлајн

Профилот на ОБСЕ во Македонија беше хакиран, а од ОБСЕ го потврдија случајот.



Фејсбук страницата на мисијата по хакирањето стана виетнамски хотлајн. Ова се случува дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Страницата има скоро 10.000 фанови.