Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели декам,засега, не е опција бугарскиот евроипратеник Ангел Џамбаски да се прогласи за непожелна личност.



Според Османи, целта на Џамбаски била да провоцира и да се самопромовира преку реакцијата која ќе ја предизвика кај македонските власти

Изјавата на Османи следува откако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје во друштво на стотина поддржувачи на ликот на Мара Бунева изнесе серија провокации околу историјата и односите меѓу двете земји.

„Ние таа дилема ја имавме и овде бидејќи ова го разговараме во Министерството. Има предлози да го прогласиме за персона нон грата, меѓутоа ние мора да ги размислиме сите аспекти.

Дали со тоа му правиме услуга на човекот?

Ако ескалира состојбата, можеби ќе го смениме мислењето и ќе мораме да донесеме таква одлука дури и на сметка на тоа што ќе му направиме таква услуга. Но, засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра туку да си имаме наша стратегија“, изјави министерот Османи одговарајќи на новинарско прашање.