ВМНРО-ДПМНЕ бара премиерот Димитар Ковачевски да го повика градоначалникот на Крива Паланка да си поднесе оставка од функцијата поради нападот на полицаец.
„Градоначалникот Сашко Митовски на 14-ти јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А, по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски. По сторениот скандал градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.
Ова не е само обично насилство, бидејќи е направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани“, наведоа од најголемата опозициска партија.
СДСМ и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифувањето и заканувањето на СДСМ, велат од опозициската партија.







