Ветерот и релативно студено време и годинава не беше пречка стружанецот Климе Попоски со неговото семејство и блиски луѓе денеска да ја продолжат вековната традиција што неговите предци од секогаш ја практикувале за големиот христијански празник Водици.
Попоски кој е водечки европски експерт за осигурување денеска во Струга заедно со негови блиски луѓе кои ја почитуваат православната традиција во чест на Богојавление влезе во водите на Охридското езеро.
Меѓу тие што и годинава денеска во чест на Богојавление влегоа во студените води на езерото покрај професорот Попоски беа неговите деца, екс македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митревски и струшката урбана легенда Владо Недески Шлем.

Професорот Попоски вели дека ни ветерот ни студот не смее да се прекине вековната традиција која се пренесува од колено на колено.

Директните предци на професорот но и огромен број луѓе во Струга и цела Македонија стотици години уште од вториот век во нашата ера на ден Водици влегувале во водите на Охридското езеро или други водни локации каде што се фрлал крстот.
Оваа традиција во Струга, Охрид и стотици други локации продолжува и годинава.
Поврзана вест
Професорот Климе ја продолжи вековната традиција за Водици (ВИДЕО)






