„За неквалификувани работници има многу побарувачка кај нас… Заработуваат од 18 илјади денари па нагоре, меѓутоа имаат и повисоки плати. Зависи од секторот што работи, зависи од условите во кои работи, ризикот“, вели Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика за Алсат М.



Најавата од Германија дека годинава ќе бара 50.000 работници од Балканот го вклучи црвеното светло во Владата. Над 100 илјади невработени има во моментов, а дури половина од нив се интересни за најмоќната европска економија.

Дали ќе расте минималната плата која од пролетва треба да изнесува над 20 илјади денари. Дали ќе има зголемување и на останатите плати?

На оваа тема ќе се дебатира во вечерашното издание на „Економски магазин“ на Алсат М.