Пратеникот Изет Меџити, еден од „огнената група“ на ДУИ, е против влегувањето на Алијанса на Албанците во владата. Тој својот став го искажа во синоќешниот собир што се одржа во Македонскиот народен театар.
„Непотребни се некои движења деновиве што се случуваат бидејќи има стабилно мнозинство и се друго е во функција да се спаси Артан Груби.
Нема ништо заедничко со интересите на граѓаните, со интегративниот процес, со уставните промени, туку се ова е акробација во функција да се спаси ова зборувам за делот на ДУИ нелегитимен кај народот“, рече Меџити.
Тој пред преполната сала на која се обрати на подмладокот на ДУИ рече дека не гледа причина година пред редовните избори некоја опозоциона партија да влезе во владиниот состав.
„Но, нивна одлука е и ако одлучат така ќе бидат патерица на Артан Груби“, рече Меџити на вечерашниот собир со скопскиот подмладок на партијата…
Во говорите на „огнените“ можеше да се слушне дека е потребна поголема демократија и дебата во партијата, но и функционирање на партиските тела, а за цело време се слушаше името на Артан Груби, пренесе 360 степени






