Висок функционер од Алијанса за Албанците за „Слободен печат“ открива дека одлуката дали партијата ќе започне формални преговори за влез во Владата, многу ќе зависи и од средбата на лидерот на АА, Арбен Таравари со американската амбасадорка Анџела Агелер.



Партијата викендов ќе решава дали ќе почнат формални преговори за влез во Владата, во спротивно сметаат дека излез се предвремени парламентарни избори.

Пред состанокот на Централното собрание, претседателот на Алијанса Арбен Таравари ќе има средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер, што во партијата се толкува за клучно каде ќе натежне одлуката.

Наспроти единствената позиција на Ковачевски и на Ахмети за проширување на владиното мнозинство, против влезот на Алијанса во власта остануваат третиот владин партнер Алтернатива, која одбива да отстапи ресор, „огнената група“ од ДУИ, но и Демократски сојуз.