„Терористи“ апсени дента кога во МНТ одела драмата – „Тероризам“?!

Во сплетот на коинциденции поврзани со настаните што ја стресоа Македонија минатава недела се издвојува приведувањето на 36 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста истиот ден кога на репертоарот на Македонски народен театар беше претставата – „Тероризам“!



„Тероризмот е присутен како тиранија на стравот, кој ги корумпира и брутализира секојдневните аспекти на нашите животи и тука се поставува основното прашање дали тероризмот е и наша антрополошка зададеност“, пишува на вебстраницата на МНТ во најавата за драмата на Владимир и Олег Пресњаков.

Токму тој ден 36 години наполни Сашко Коцев, дел од актерската екипа во „Тероризам“, но и дел од актерите што прексиноќа не ја одиграа „Ничија земја“ во знак на солидарност со притворениот колега Владо Јовановски.

Апсењата во вторникот се совпаднаа и со Денот на албанското знаме, како и со почетокот на божикниот пост. Токму на Божик, но овогодишниот, беше обзнанета Тиранска платформа, која ги предизвика протестите во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои кулминираа со влезот во Собрание на 27 април, за кој на 28 ноември полицијата масовно апсеше осомничени за тероризам…