Демократскиот сојуз (ДС) смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, дека ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.



„Инаку, и со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите “Бадентер” и “Балансер”, произлезени од истиот“ истакнуваат од партијата на Павле Трајанов.

„Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија.

Партизацијата и етничкиот клуч, ги блокираа и ги криминализираа институциите. Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата“, велат од ДС преку соопштение.