Од Движењето Беса сметаат дека дури и ако Алијанса влезе во Владата, земјата ќе оди на предвремени избори.



„Политичката и институционалната криза е многу длабока, нема излез во овој пратенички мандат, а државата навистина треба да оди на предвремени избори. Влегувањето на Алијанса за Албанците може да ѝ даде живот на Владата 2-3 месеци, повеќе не“, вели Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Од владејачката Алтернатива пак, велат дека Алијанса влегува во Владата за да ѝ ги пополни на ДУИ пратеничките места што ѝ недостасуваат.

„Единствената причина за која имаме генерално објаснување е поради немањето број на пратеници од ДУИ поради случувањата што се случуваат таму. Ми се чини дека во овој случај Алијанса за Албанците влегува во овој состав за да ја спаси загубата на бројките што ги има ДУИ“, рече Зеќирја Ибрахим иод Алтернатива.

Ибрахими додава дека ако се загрози договорот меѓу Африм Гаши и Зоран Заев за министерските места на Алтернатива, тогаш тој лично ќе побара од Генералниот совет партијата да премине во опозиција.