Данела почнала да менува и директори што сама ги постави

Данела Арсовска го разрешила директорот на скопското јавно претпријатие Водовод и Канализација Марјан Митовски.



На негово место доаѓа досегашниот прв човек на Золошката градина Драган Илиевски.

Данела Арсовска го разрешила директорот на Водовод и канализација Марјан Митовски шоради несогласувања околу раководењето на претпријатието.

Митовски беше нејзин кадар кој беше поставен од неа по судирот со ВМРО-ДПМНЕ кога таа го смени екс директорот поставен во координација со најголемата партија.

Кадарот кој Арсовска го избра сама без партиски влијанија не издржа ниту 4 месеци.

Новиот директор Драган Илиевски кој доаѓа од местото прв човек на Золошката градина важи за близок до Драган Митковски Книга, близок соработник на Арсовска.