Двајца вработени во Одделението за обезбедување на објекти на Град Скопје се жалат дека секретарот на Градот им дал отказно решение и тврдат дека не им е позната причината.

Тие велат дека заедно со отказното решение добиле и кривична пријава и тврдат дека не знаат која основата на кривичната пријава, затоа што, како што тврдат, тие не сториле никакво кривично дело.
- Имаме пуштено претставка и ние, со адвокати ќе одиме понатака, ќе тужиме, ќе видиме кој каде и дали е во право, рече Елвис Симоновски кој бил првиот вработен што бил избркан на 10 јануари.
Даниел Давитковски, кој бил избркан денеска од работа, вели дека причината е исто како и на неговиот колега, дека сторил дејствие кое има одбележје на кривично дело.





