Шеесет и тригодишник со иницијали А.Е. изгоре во пожар кој синоќа околу 20 часот ја зафатил неговата семејна куќа на улицата „Пиринска“ број 26 во Струмица, пренесе МИА.



Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, пожарот бил пријавен синоќа во 20:16 часот, а бил изгаснат по еден час.

Загинатиот 63-годишник, според информации на ТППЕ Струмица, бил член на семејството кое живеело во куќата.

Трагичниот епилог на пожарот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.

Денеска околу 10 часот почна увидот од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица и инспектор за пожари.