Борис Писториус ќе биде новиот министер за одбрана на Германија, пишува Шпигел. Тој доаќа на местото на Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка.
Роден во 1960 година, Писториус е министер за внатрешни работи на Долна Саксонија од 2013 година. Од 2017 година е пратеник во државниот парламент на Хановер. Од 2006 до 2013 година беше градоначалник на Оснабрик. Тој е член на Германската социјалдемократска партија.
За Писториус веќе некое време се зборува дека има политички амбиции на федерално ниво. Во 2019 година, тој се кандидираше за федерален претседател на СДП заедно со министерката за Саксонија Петра Кепинг – меѓу другите, против Олаф Шолц.
Писториус е различен од Шолц, погласен и повоинствен. Благодарение на неговиот директен говор, Писториус се смета за еден од најпопуларните министри во Долна Саксонија.
Оставката на Ламбрехт од функцијата министер за одбрана беше објавена поради низата грешки и неуспеси.






