„Албанците и Македонците имаат различен јазик и култура, но ја имаат Македонија заедно.“ – рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната посета на општинскиот огранок на партијата во Гостивар
“Мора да одлучиме? дали сме со Москва или со Брисел? Дали сме во минатото или во иднината? Нашата иднина нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ. Некои македонски партии не вложуваат многу, за да ги убедат граѓаните дека оваа држава е наша и заедничка. Тие велат:’Албанците ни ја зедоа државата?’. Но, кај ќе ја однесеме? Не менуваме граници, но сме ниту станари, нека го заборават тоа. Не може државата да биде само на една партија.“ – кажал Ахмети во Гостивар.
Првиот човек на ДУИ рекол дека „завршило времето на патриотизмот и времето на поделби, блокови и меѓуетнички војни“.
„Војните до пред 20 години беа предизвикани токму поради еднаквост меѓу етничките групи. СДСМ е на чело, коалицијата работи, стабилна е и ќе имаме избори во 2024 година: или ќе бидат заедно со претседателските или после нив. Да не трошиме: да направиме и претседателски и парламентарни избори. Победувавме 20 години и ќе продолжиме. До ноември треба да го смениме Уставот. Политичките партии мора да ги охрабрат граѓаните, Македонија и Македонците ќе бидат легитимирани меѓународно. Секогаш го имате нашиот грб.“ – рекол Ахмети вчера на партискиот собир на ДУИ во Гостивар.





