Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски ќе биде сменет, најави премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека не е задоволен од неговата работа.
Сето ова се случува по бегството на затвореникот од Идризово.
„Искрено јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда и веќе отпочнав процес на селекција на нов директор“ изјави премиерот Димитар Ковачевски неколку дена по бегството на затвореник осуден на 20 годишна казна од Идризово.
Директорот на санкции и покрај тоа што знаел дека командирот Срѓан Димитријески бил корумнпиран и претходно отпуштен од МВР, сепак го оставил на таа позиција а бегството на затвореникот се случило токму во негова смена.
По скандалозното и организирано бегство на Беким Мемети, на командирот и четворица затворски мполицајци од “Идризово“ им беше поднесена кривична пријава поради сомнение дека го овозможиле бегството.







