Аналитичарор и поранепшен министер за финасии Џевдет Хајредини им свое мислење зошто лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не сака да се „дистанцира“ од неговиот близок сопартиец и актуелен прв вицепремиер Артан Груби.
“‘Бомбите’ се причина зошто Али Амети никако не смее да се откаже од Груби’, објави Хајредини на Фејсбук алудирајќи на шпекулациите дека, наводно, екс-премиерот Зоран Заев му предал на Груби дел од нелегално прислучкуваните разговори кои досега не биле објавени во јавност…
Објавата на Хајредини на Фејсбук се совпаѓа со засилениот притисок од членовите на таканарелената „огнена“ група на ДУИ кои отворено бараат смена на Артан Груби од сегашната позиција.
Ахмети синоќа на средба со граѓаните во Чегране јасно стави до знаење и отворено кажа дека нема намера да го смени Груби од вицепремиерската функција.
„Грешат и јас им кажав, две години ги молев, треба да се мисли на крајот а не на почетокот затоа што се памети крајот. Сега не можам да ја направам куќата на Настрадин, кој како бара. 10 години бараа да го тргнам Муса Џафери од вицепремиер, јас не го тргнав, затоа што ја почитувам волјата на мнозинството, инсистираа Абдилаќим да биде сменет од вицепремиер, но јас не го тргнав затоа што ја испочитував волјата на мнозинството, сега повторно бараат, отстранете го Артан Груби, но не го отстранувам затоа што тоа е одлука на мнозинството“, рече Али Ахмети.
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, инаку еден од „огнените“ пред неколку дена изјави дека што се однесува до Груби, лидерот на партијата или не гледа што се случува, или постапува некоректно.
„…Али Ахмети понекогаш може да донесе погрешни одлуки. Во овој случај, она што се случува со Артан Груби, тој или не го гледа или го прави погрешно“, рече Изет Меџити.







