Група жители на Кисела Вода, денеска повторно го поставија знакот „Ја сакам Кисела Вода“ кој беше отстранет кон крајот на октомври минатата година по налог на Град Скопје.
Знакот е поставен на истата локација, на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Народни херои“.
Претходно, граѓаните жестоко реагираа на отстранувањето на знакот кој беше поставен по примерот на голем број европски градови. Беа револтирани од неговото отстранување и потенцираа дека знакот ќе го вратат.






